-Првото полувреме до самиот финиш го одигравме добро, одбраната беше на ниво, а топката во нападот ја држевме долго. Сепак, повредата на Дарко Станиќ и на недоволно опоравените Велко Марковски и Филип Миркуловски ни ја пореметија концепцијата на играта, па не обезбедивме предност во првиот дел. Во второто полувреме Металург не ја одигра својата добро препознатлива игра, па резултатот е реален.
Според Петровски, ништо не е загубено, претстојат нови 60 минути во Полска, се уште сме во игра за пласман на завршниот фајналфор во Келн. Најважна е состојбата на повредени играчи.
– Примивме многу лесни голови, а не успеавме да стекнеме ниту предност за реваншот. Но, нема предавање. Претстои втор меч, а таму ќе одиме со кренати глави, ветува капитенот на Металург, Ванчо Димовски.
По нерешениот резултат 13 спрема 13, Киелце мечот го заврши со два гола предност.
– Оваа победа за нас е мал чекор, но добра позитива пред реваншот, кој не очекува за една недела во Полска. И покрај предноста, не треба да заборавиме колку беше тежок вториот натпревар во фазата по група, кој го одигравме со Металург на наш терен – истакна Вента Тренерот на Киелце, Богдан Вента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


