Германскиот канцелар Ангела Меркел, откако лидерите на ЕУ постигнаа договор за враќање на десетици илјади мигранти во Турција, изјави дека денешните преговори со Анкара нема да бидат лесни.
Таа нагласи дека ЕУ мора да биде подготвена да почне брзо да ги враќа емигрантите од Грција во Турција со цел да се избегне „факторот на привлекување“ пред новиот систем да влезе во сила.
Меркел на прес-конференција наведе дека лидери на ЕУ не го прецизирале датумот кога тоа би можело да почне, нагласувајќи дека сите земји од Унијата сакаат спогодба за мигрантите.
Анонимен турски официјален претставник изјави дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе побара од ЕУ отварање нови поглавја во преговорите за членство и покрај тоа што Кипар се закани со вето.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на првиот ден од самитот во Брисел дека преговорите се на вистинскиот пат, но дека не може да гарантира среќен крај.
Лидерите на ЕУ рано изутринава на самитот во Брисел договорија заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади мигранти во Турција, кој денеска ќе му го презентираат на Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.