| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Нема компромис за достоинството

иванов канадаНа вториот ден од посетата на Канада  претседателот Ѓорѓе Иванов упати повик за обединетост на Македонците од целиот свет. Иванов апелот го упати од прославата на 50-годишнината од првата македонска црква во дијаспората во соборната црква „Св.Климент Охридски“ во Торонто .

– Знам дека имаме исти желби и визии за нашата заедничка татковина Македонија. Мојот апел до сите вас е да се обединиме околу мотото: каква Македонија создаваме, таква и ја имаме. А сакаме да имаме побогата, понапредна, европска и евроатлантска Македонија. Од Македонија да создаваме земја отворена за странски инвестиции, напредни технологии, претприемаштво и иновации. Земја во која економскиот развој и успехот се темелат врз лична одговорност, професионалност и посветеност во работата. Ве повикувам заедно да ја градиме Македонија во височина, со највисоки стандарди, критериуми и вредности. На тоа нe обврзуваат нашите предци, но, пред сe, на тоа нe обврзуваат нашите деца, кои се нашата иднина, рече претседателот Иванов.

Пред насобраните преставници на македонската заедница во Торонто претседателот Иванов порача – никој не смее да прави компромис кога станува збор за основните човекови права и достоинство.

– Никој и никогаш не смее да прави компромис кога станува збор за основните човекови права и достоинство. Па така, и ние, Македонците. На тоа нe обврзуваат не само меѓународните конвенции и институции, туку и длабоката македонска традиција на соживот. Македонската посветеност кон толеранција и почит на различноста, рече Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top