Од 18 до 25 март во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид ќе се одржи изложба на фотографии од Атанас Талевски (1954-2008).
Свеченото оворање на изложбата е в петок, 18 март 2016 година, со почеток во 19. 00 часот.
Атанас Талевски е роден во Велес. Поголемиот дел од животот го минал во родниот град, а од 1990 година живее во Охрид. Престојувал и во други земји, најмногу во Германија, Англија, Виетнам, Камбоџа и Мали. Со фотографија се занимавал од детските години. По доселувањето во Охрид фотографирањето му станува основната дејност.
Цел на неговиот објектив се старите села, обичниот човек и неговата судбина, природата. Во пролетта 2001 година во приземјето на својот дом во Охрид на ул. „Коста Абраш“ бр. 19, Талевски ја отвори постојаната изложба „Впечатоци од Македонија“. Со тоа беше отворена првата охридска уметничка галерија специјализирана за фотографска уметност. Галеријата функционираше сѐ до смртта на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


