
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ го одигра најдобриот меч во досегашниот дел од мастерс-турнирот во Индијан Велс победувајќи го за нешто повеќе од еден час игра незгодниот Шпанец Фелицијано Лопез со 2-0 (6-3, 6-3) во сетови.
Во борбата за полуфинале сега го очекува Жо-Вилфред Цонга кој беше подобар од Доминик Тием, победувајќи со 6-3,6-2. Ѓоковиќ на најдобар можен начин му се реваншираше на Лопез за поразот во четвртфиналето во Дубаи, кога по губењето на првиот сет мораше да го предаде мечот поради инфекција на окото.
И Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето, но по многу потежок пат. Надал спасуваше и меч топка за Александар Зверев во третиот сет, кој Шпанецот, на крајот, сепак, го доби со 7-5. Претходно, првиот сет му припадна на Зверев со 6-7, а вториот го доби Надал со 6-0.
Кеи Нишикори одигра квалитетен меч исфрлувајќи го од натамошните борби, Џон Иснер. Нишикори победи во три сета со 1-6,7-6,7-6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


