Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва, 17 март, во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики од Билјана Бинчев со наслов „Емоции“…
Ова е нов циклус на слики со кои уметницата Билјана Бинчев за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во родниот Прилеп. Преку делата Бинчев ја изразува нејзината емотивна состојба.
– Го пренесов на платното она што длабоко и интимно го чувствував во себе. И самите посетители ќе забележат дека жената е мојата преокупација во сите нејзини состојби. Се надевам она што го понудив ќе им се допадне на моите сограѓани – вели Бинчев.
Бинчев има завршено Педагошки факултет во Битола, а подоцна и ФЛУ во Скопје во класата на професорот Јован Шумковска. Дипломирала 2014 година, при што е добитник на наградата за постигнат највисок просек и одлични резултати во студирањето. Имала самостојни изложби во Кавадарци и Неготино, а учествувала на повеќе групни изложби, на ликовни колонии и член е на ДЛУП и ДЛУМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


