| четврток, 6 декември 2018 |

Северина и ја врати венчаницата на креаторката, причината е неверојатна

Пејачката Северина Којиќ како свадбен подарок ја доби венчаницата од креаторката Матија Вуица, а откако се омажи за Игор Којиќ и ја врати на креаторката. Наводно, во гардероберот на Севе нема соодветно место за овој фустан, пишуваат хрватските медиуми.

Доказ дека Северина го вратила подарокот е фотографијата која Вуица ја ставила на својот инстаграм профил, а на која се изложени венчаниците во нејзиното студио, меѓу кои се наоѓа и онаа која Северина ја носела на својата венчавка минатата есен.

Сепак, модната креаторка не сака да ја продаде венчаницата на пејачката која за неа лично ја изработи и ја подари, а фустанот не може ниту да се купи, ниту да се изнајми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top