Вчера вечер, во спомен-куќата на Мајка Тереза се одржа промоција на преводите на проф. Д-р Лидија Аризанковска на романи од словенечки на македонски јазик, во организација на Словенечкото здружение „Франце Прешерн“ – Скопје, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Волчи ноќи“ од Владо Жабот, „Зуење во главата“ од Драго Јанчар, „Сушен период“ од Габриела Бабник, се насловите на романите што беа промовирани.
На настанот се обрати проф. д-р Људмил Спасов, кој со своето обраќање го отвори настанот.
Промотори на преведените романи беа: м-р Бистрица Миркуловска, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и проф. д-р Јасна Котеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.