| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Невработеноста во Прилеп намалена за 10.000 лица

За девет години невработеноста во Прилеп е намалена за 10.000 лица, главно со проекти преку Агенцијата за вработување и со активирање на индустриските зони, изјави вицепремиерoт и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

stavreski-prilep

Според Ставрески, постигнати се добри резултати со тоа што во периодот од 2006 до 2015 година во Прилеп за речиси 10.000 лица е намален бројот на невработени.
– Голем дел од нив се вработени преку активните мерки на Аагенцијата за вработување, како што се самовработувањето, кредитите, грантовите, преку проектот „Македонија вработува“ и слично, рече Ставрески, додавајќи оти добар дел од новите вработувања се во компаниите – странски инвестиции, во околината и во Прилеп, како и во индустриските зони.
Тој ги посочи компаниите – странски инвестиции „Дрекслермаер“, „Гентерм“ и „Акомпласт“, каде има голем број вработувања, а се очекуваат и нови, но и индустриската зона во Прилеп каде се очекуваат неколку домашни фабрики да отворат погони и нови работни места.
– Секако, има вработувања и во локалните фирми. Тие овие години ја искористија добрата бизнис клима, ниските даноци, преку евтините кредити, така што со сите тие мерки помогнавме да се реализираат вработувањата и во домашните фирми, истакна Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top