| четврток, 6 декември 2018 |

Транзитен центар Табановце: Шестмина заболени од шуга, две од варичела

Шест лица сместени во транзиниот центар Табановце се заболени од шуга, а две лица се заболени од варичела, изјави денеска доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје и нагласи дека заболените се прегледени од дерматовенеролог во дисперзираната амбуланта во центарот во Табановце, доделена им е терапија, а лицата со кои имале контакт, се изолирани и се преземени мерки пртив понатамошно ширење на болеста.

tabanovce c krst

Заболените од шуга се на возраст од 13 до 34 години и едно е дете до една година, додека заболените од варичела се на возраст од 5 и 8 години.

Инаку, вчера во центарот  имало вкупно  1.349   мигранти, од кои 1.010 во  кампот и 339 на гранична линија помеѓу Македонија и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top