Епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Велес денеска информира дека нема случај на мали сипаници (морбили) во Транзитниот центар Гевгелија.
– На 3-ти овој месец од лекарскиот тим во транзитниот центар добиено е известување за регистриран суспектен случај на морбили кај еден мигрант. Лекар специјалист епидемиолог веднаш излегол на терен. Направен е комплетен епидемиолошки увид при што е констатирано дека во амбулантскиот дневник евидентирано е девојче, родено 2013 год. од Авганистан, се наведува во соопштението од ЈЗУ ЦЈЗ Велес ПЕ Гевгелија.
Од разговорите со дежурниот медицински тим и екипата на Црвениот крст на Република Македонија заклучено е, како што појаснува во соопштението епидемиологот др. Олумчев од ЈЗУ ЦЈЗ Велес ПЕ Гевгелија, дека девојчето е донесено од прифатниот камп Идомени, Република Грција, со исип по кожата кој не е карактеристичен за морбили и присутен само на грбот и стомачето и без температура, кашлица ниту други специфични знаци за болеста.
На пациентот дадена му е симптоматска терапија (течна пудра и сируп Парацетамол) и веднаш е вратено во Кампот Идомени во Грција, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


