| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар по четвртфинална виза попладнево во Плоцк

vardar-wisla-19

Најдобрата македонска ракометна екипа од Македонија РК Вардар, попладнево во Плоцк, Полска, ги продолжува настапите во Лигата на шампионите со првиот осминафинален натпревар против екипата на Висла.
Висла е добропознат противник бидејќи и минатата сезона во истата оваа фаза се сретна со македонскиот шампион.
Во првиот натпревар полскиот вицешампион ги изненади „црвено-црните“ ракометари со победа од шест голови разлика (32-26).
Во реваншот во СЦ „Јане Сандански“ Вардар го декласираше полскиот тим со 31-20 и заслужено се пласираше во четвртфиналето.
Желбите кај сите во таборот на вардарци се исти, но предупредуваат дека Висла годинава е посилен тим, а Вардар ќе настапи ослабен без ниту еден класичен леб бек бидејќи сите тројца, Деревен, Горбок и Лазаров се повредени.

– Полјаците се незгоден противник што сигурно не смееме да го потцениме. Лани имавме тежок меч во оваа сала, малку ги потценивме и тоа ни се удри од глава. Според мене Висла оваа сезона е малку подобра од лани, но ние сме попаметни и поискусни за една година. Верувам дека лекцијата е научена и овојпат ќе одиграме најдобро што можеме. Имаме квалитетен тим, за жал се соочуваме со проблеми со повредени играчи, но се надевам дека тоа нема да влијае врз резултатот – изјави македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top