| четврток, 6 декември 2018 |

Руди Гарсија од следната сезона на клупата на Валенсија?!

rudi garsija

Поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, е најсериозен кандидат за наследник на Гери Невил на тренерското столче на шпанскиот клуб Валенсија. Актуелниот шеф на стручниот штаб на „лилјаците“ е под огромен притисок поради лошите резултати оваа сезона, а добива големи критики од фановите на овој шпански гигант.

Валенсија беше поразена на изминатите два натпревари, кои дополнително ја влошија ситуацијата на Гери Невил, и следен неуспех би можело да ја „прелие“ чашата и тој да добие отказ.

Гарсија имаше убави мигови со Рома, но потоа следеше и еден лош период, по кој раководството на клубот реши да му врачи отказ пред два месеци, а на негово место дојде некогашниот стратег на „волчицата“ Лучијано Спалети. Освен Гарсија, кандидати за нов тренер на Валенсија се и Андре Вилјаш Боаш и Хорхе Сампаоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top