Една од најголемите регионални ѕвезди, пејачката Сека Алексиќ, откако ја објави среќната вест дека е блажена состојба, исчезна пред објективите на семата сила.
Сепак, иако не сака медиумски да се експонира, Сека се уште активно настапува и ужива во друштво на сопругот Вељко.
Покрај сите случувања, на пејачката на врвот на приоритетите и се обожавателите, па така таа ја користи секоја можност за да сподели некој детаљ со нив на социјалните мрежи. Овој пат, Сека времето за одмор го искористи на крајбрежје, поточно во Бока Которска, а фотографии од таму сподели на својот профил на Инстаграм.
-Одмор и витамини – напишала Сека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.