Претседателот на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), Карло Тавекио, и официјално потврди дека актуелниот селектор на „аѕурите“, Антонио Конте, ќе го напушти националниот тим по завршувањето на Европското првенство во Франција ова лето. Федерацијата е веќе фокусирана кој ќе биде негов наследник, но, сепак, и нема да брза премногу со новата одлука.
– Конте ќе си замине по Европското првенство. Имавме долг разговор и тој објасни дека му недостига клупската работа, односно секојдневните обврски и тренажниот процес кој се применува во клубовите, за разлика од репрезентацијата – изјави Карло Тавекио.
Според медиумите од Англија, Антонио Конте е веќе договорен да биде нов менаџер на англискиот премиерлигаш Челси од следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.