| четврток, 6 декември 2018 |

Симпозиум „Новите предизвици на франкофонијата“ во МАНУ

МАНУ во соработка со Францускиот институт во Скопје по повод месецот на франкофонијата организираат собир на Македонско-француската меѓуакадемиска соработка во духот на новите предизвици на франкофонијата. Воведни обраќања на собирот ќе имаат: акад. Таки Фити, претседател на МАНУ и
Н.Е. Лоранс Оер, амбасадор на Франција во Република Македонија, а излагања: акад. Матеја Матевски
Македонско-француската соработка во контекстот на франкофонијата, Проф. д-р Лилјана Тодорова
Франкофонијата – глобална категорија на француско-македонската соработка – придонес за студијата на една меѓуакадемиска релација (La Francophonie – catégorie globale de la coopération culturelle franco-macédonienne – contribution à l`étude d`une relation inter-académique-), акад. Момир Поленаковиќ
Напредоците во нефрологијата и медицината во соработка со француската медицина, акад. Живко Попов
Врските со париските универзитети и хоспитални центри и влијанието на француската школа врз развојот на македонската медицина и хирургија: досегашни искуства и перспектива, акад. Влада Урошевиќ
Франкофонијата – една поширока татковина, асистент д-рант Вера Хаџи-Пуља Француско-македонските односи на интелектуален и филозофски план, акад. Глигор Чемерски Сликарство СКОПЈЕ – ПАРИЗ.
Модератори се: академик Луан Старова и Изабел Марки-Барбо, директорка на Францускиот институт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top