Францускиот институт во Скопје организира проекција на франкофонскиот филм „Денес“, в среда 28 март 2018 год, во 20 часот во Кинотеката на Македонија.
Се работи за извонредна француско-сенегалска драма од 2011 година во режија на Ален Гомис, со Сол Вилијамс, Ајса Мајга и Анисија Изејман во главните улоги.
Филмот е добитник на бројни награди и се опишува како „вистинска нежна ода на убавината на животот“ (Премиер).
Филмот е со превод на македонски јазик и се прикажува во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


