| четврток, 6 декември 2018 |

Извлечени полуфиналните двојки во ФА купот

wembley-stadium-host-semi-finals-FA-cup

Вечерва се извлечени полуфиналните двојки во најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА куп.

Кристал Палас, Евертон и Вотфорд изборија пласман меѓу четирите најдобри „од прва“, додека Вест Хем и Манчестер Јунајтед ќе играат втор меч, овој пат во Лондон, откако во првиот дуел „црвените ѓаволи“ не ја искористија предноста на домашен терен и изиграа нерешено, 1-1.

За пласман во финалето ждрепката ги даде следниве дуели – Кристал Палас ќе ги одмери силите со Вотфорд, додека Евертон ќе го чека победникот од Вест Хем – Манчестер Јунајтед.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 23. и 24. април.

ФА куп 1/2-финале:
Кристал Палас – Вотфорд
Евертон – Вест Хем/Манчестер Јунајтед

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top