| четврток, 6 декември 2018 |

Водителка на „Би-Би-Си“ дала отказ по тешката операција и тргнала во авантура

Клара Хермет од Лондон се одлучила на двојна масектомија откако дознала дека е носител БРЦА1 генот кој кај жените значајно го зголемува ризикот од развој на рак на дојката и рак на јајчниците. Мајката и сестрата на Клара умреле од рак, па водителката решила да ја земе работата во свои раце.

fotka-s1_1036701S1

„Кога мојата сестра почина направив пакт со самата себе и си реков дека ќе пронајдам начин како да бидам среќна. Немав што да изгубам, можев само да добијам – рекла Клара која двете дојки ги отстранила во 2014 година.

320E0AF400000578-3485380-She_jetted_to_the_carnival_capital_of_the_world_Rio_where_she_sp-m-63_1457604132703

Оваа храбра жена и поранешната водителка на „Би-би-си“ одлучила да даде отказ и да се впушти во авантура на животот која подразбира патување по светот. Своите работи ги продала по пат на еден сајт, а само основните ги спакувала и се упатила во животната авантура. Ги замолила сите кои го читаат нејзиниот блог да ја советуваат кои градови и земји би требало да ги посети, а на почетокот на 2015 година го посетила Барбадос, од каде заминала и на Карипските острови, Тајланд, Панама и Рио де Жанеиро.

voditelka2

Патувањата и помогнале да пронајде нешто што во животот многу и недостасувало, а тоа е мирот.

Сите свои искуства ги пренела на блогот „Мој живот ваши раце“ (My Life Your Hands) од кој сака да направи мал водич за младите луѓе каде ќе го опише и своето болно искуство кога останала без својата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top