| четврток, 6 декември 2018 |

Јана Бурческа станува водителка (ФOTO)

Јана Бурческа ќе биде новата водителка на „Стисни плеј“. Музичката емисија, која веќе осма сезона се емитува на Македонската радиотелевизија, покрај досегашниот уредник и водител, Александра Јовановска, ќе биде збогатена со уште две лица.


Покрај Бурческа, дел од новата екипа е и гитаристот Бојан Гелевски, кој е студент по новинарство на Правниот факултет во Скопје.

„Стисни плеј“ ќе се емитува секој вторник и петок во 18:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top