
Ивица Обрван го објави списокот од 20 ракометари на чии услуги ќе смета на првиот тренинг закажан за 1 април, датум означен како старт на подготовките за предолимпискиот турнир што ќе се одржи во Гдањск од 8 до 10 април. Од четирите голмани кои се најдоа на поширокиот список, повторно прв отпадна Даскалоски, покрај кој на скратениот список објавен денеска не се најдоа ниту Пецаковски, Кукоски, Димитриевски, Крстевски, Маџовски, Велковски и Кузмановски.
На новиот список се најде Филип Лазаров, кој минатата седмица се здоби со скршеница на палецот на десната рака, но ќе добие шанса доколку се рехабилитира навреме да се бори за место на финалниот список на патници за Гдањск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


