Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Мастерс 1000 серијата во Индијан Велс, славејќи против Бјорн Фратанџело, во три сета, со 2-6,6-1,6-2.
Американецот Фратанџело, моментално 149-ти тенисер во светот, кој никогаш не бил во Топ 100, одигра квалитетен меч прописно измачувајќи го најдобриот светски тенисер.
Ѓоковиќ на почетокот правеше многу грешки, а сето тоа добро го искористи Фратанџело, и го освои првиот сет. Но, во продолжението се консолидираше, не дозволувајќи сензација.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра со Филип Колшрајбер кој го декласираше Денис Кудл со 6-0,6-1.
Во следната рунда натпревари се пласираше и Рафаел Надал кој, исто така, во три сета со 6-2,2-6,6-4 славеше против 45-от тенисер во светот, Жил Милер од Луксембург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.