Романот, кој по својот жанр е трилер-мистерија „Бавната смрт на Лусијана Б.“ од најпопуларниот современ аргентински писател, Гилјермо Мартинес, го објави издавачката куќа „Антолог“.
Мартинес на македонската публика ѝ е познат по трите романи „Оксфордски убиства“, „За Родерер“ и „Жената на маестрото“. Овие романи имаа исклучителен одѕив меѓу читателите.
Лусијана е млада Аргентинка чии пријатели и роднини почнуваат да умираат од насилна смрт или како жртви на необјасниви незгоди. Таа мисли дека зад сето тоа стои познатиот писател Клостер – автор на мрачни романи со злосторства и со злокобни личности. Нему, без да сака, некогаш во минатото му предизвикала голема болка. Уште повеќе што убиствата во неговиот роман течат на ист начин како во животот на Лусијана. Полицијата не ѝ верува на поврзаноста и таа бара помош од друг писател, ривал на Клостер. Средбите меѓу двајцата писатели, суптилни и силни вербални соочувања, поставуваат четири можни објаснувања за оваа серија умирања.
Љубителите на Алфред Хичкок и на Карлос Руиз Зафон ќе бидат воодушевени од овој психолошки напнат трилер, кој од „Њујорк тајмс“ е оценет како „задолжителна лектира за секој што сака мистерии“.
Гилјермо Мартинес (роден 1962) е еден од најпознатите аргентински писатели. Својата кариера ја осигура со романите „За Родерер“ и „Жената на маестрото“, а особено со неговото најпознато делон, „Оксфордски убиства“ од 2003 година, за кој ја добил наградата „Планета“. Дипломирал математичка логика во Буенос Аирес, Аргентина. Две години поминал на постдокторски студии на Математичкиот институт во Оксфорд, Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах