| четврток, 6 декември 2018 |

Грешки поради кои не слабееме

Кои се најголемите грешки поради кои не слабееме?

Грешка број 1: Гладување

Најлоша, но и најчеста грешка кога некој сака да дојде до добра линија е гладувањето. Се работи за малтретирање на мускулното ткиво и целото тело што може да резултира со промена на метаболизмот. Не е исклучено дека дури може и да се додаде некој килограм. Сите доктори и стручњаци со причина повторуваат: екстремните диети се лоши за здравјето и неиздржливи се на долги патеки.

Грешка број 2: Таблети, шејкови и разни препарати за слабеење

Колку и да имаат добра реклама, атрактивна продавачка која наводно го користи препаратот, за жал, не постои магична табета, шејк, прав, или што и да е, што ќе ви ја скрати маката. Па така, наместо слим таблети, купете килограм јаболки.

Грешка број 3: Разни начини на не-вежбање

Пријателката ви кажала дека симнала 2 сантиметри во струкот со секојдневно одење во сауна. Размислете двапати пред да се одлучите да го испробате тој метод, затоа што вештачкото потење во сауна и виткање во пластична фолија нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само ако се работи за потење настанато од вежбање а не од лежење во сауна.

Грешка број 4: Еднолична исхрана

Веројатно сте слушнале за диета во која се препорачува внес само на одредена храна – на пример јаболко. Многумина веруваат дека едноличната исхрана помага во постигнување на саканата тежина. Но се случува сосема спротивното. Научните студии покажуваат најдобри резултати има со правилни и редовни вежби и здрава исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top