| четврток, 6 декември 2018 |

На Маврово и Шапка нова снежна покривка, во Гевгелија 30 литри дожд

Утринава според мерењата на УХМР, најмногу акумулирани врнежи беа измерени во Гевгелија , 29,5 литри на метар квадратен, а следна на листата (од мерењата кои се достапни), е Битола со 21 литар.

Според МЕТЕОПРО се очекува врнежите да траат во текот на целиот денешен ден со променлив интензитет, до тоа што околу пладне ќе бидат нешто послаби, додека навечер ќе се интензивираат повторно.

Очекуваме врнежите и понатаму да бидат позначајни во југоисточниот регион, каде само ќе се надополнува состојбата со акумулација на истите.

Врнежите во понеделник постепено ќе престануваат.

На мерните места Маврвови Анови и Лазарополе е измерена нова снежна покривка од 4, односно 3 сантиметри.

dozd

Поголема снежна покривка е забележана на Попова Шапка, но нема официјален податок за дебелината на оваа снежна покривка. Она што сведочи за снегот на Попова Шапка се веб камерите на скипорталот skimacedonia.mk

skimacedonia_20160313073407

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top