| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички очекувано ја совлада Струмица

rabotnicki

Во воведниот натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Работнички очекувано победи во дуелот со Струмица, со резултат од 80-65.

Натпреварот се одигра во салата „Градски парк“ во Скопје, а најефикасни во домашниот Работнички беа ветераните Димче Тасовски со 27 поени и 7 скокови и Ѓорѓи Чековски со 14 поени, 5 асистенции и 4 скокови.

Утре од 18 часот ќе се одиграат два натпревари. Фени Индустри во Кавадарци го пречекува второпласираниот Карпош Соколи, додека во Гевгелија се игра градското дерби меѓу Бест и Кожув.

Колото ќе биде заокружено во вторник, а силите ќе ги одмерат минатогодишните финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Куманово. Натпреварот е закажан од 20:00 часот.

Табела:

МЗТ Скопје Аеродром  36 бодови (19 одиграни натпревари)
Карпош Соколи  34 (19)
Куманово  32 (19)
Фени Индустри  30 (19)
Работнички  30 (20)
Кожув  28 (19)
Струмица  24 (20)
Бест  19 (19)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top