Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалната серија од плејофот, откако вечерва во третиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Куманово со 91-73.
Сега тимот од Аеродром го дели само една победа од одбрана на титулата.
Кошаркарите на МЗТ одлично го стартуваа натпреварот, до 5. минута имаа водство од 15-4. Тимот на Куманово само еднаш успеа да го превземе водството во 14. минута (31-32), но домашната екипа не дозволи гостинските кошаркари да се одделат и брзо ја врати предноста. Веќе во 24. минута МЗТ по вторпат поведе со двоцифрена разлика (57-47) и до крајот успешно ја одржуваше и зголемуваше предноста.
Дамјан Стојановски со 19 поени беше најефикасен во победничката екипа, додека кај Куманово најмногу поени постигна Александар Костоски со 18.
Четвртиот финален дуел се игра во петок, на 27 мај во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.