| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Огромна чест е да се игра ваков јубилеј за Работнички

rabotnicki

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички утре го прославува големиот јубилеј 70 години од неговото постоење. За таа цел управата на клубот со огромна подршка од Перо Антиќ успеа да организира пријателски натпревар со вицешампионот на Европа, Фенербахче.

Утрешниот спектакл е закажан за од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а покрај кошаракарските возбудувања, превиден е и ревијален дел во кој од дресот на Работнички ќе се прости големата кошаракарска легенда, Тодор Гечевски.

На последната прес-конференција последното и моќно засилување за 14-кратниот шампион на Македонија, Владо Илиевски го изнесе својот став за овој голем кошаркарски празник во Македонија.

rabotnicki-5

– Јас како играч со најмал стаж во Работнички и можам да кажам дека ми е чест што ќе играм за клубот во сезоната во која се слави јубилеј. Дуелот со Фенербахче ќе биде шлаг на тортата за сите нас, како играчи, стручен штаб, управа и навивачи. Драго ми е за сите оние што ќе имаат среќа да бидат на овој натпревар и во живо да го проследат бидејќи не се случува секој ден ваков меч во Мекедонија. Нашата кошарка заслужува да биде на таа кошаркарска мапа на Европа бидејќи се бориме клубовите да ги дигнеме на едно ниво на компетитивност, така со овој дуел ќе видиме до кај сме. Едноставно ми е драго што 7000 карти се продадени и тоа ќе биде убав момент – изјави Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top