
Куманово и МЗТ Скопје Аеродром втора година по ред ќе играат во финалето на Првата македонска копаркарска лига.
Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен во „Борис Трајковски“ победија во полуфиналната „мајсторка“ против Карпош Соколи со 84-73 и се пласираа во големото финале на плејофот.
Куманово одлично го стартуваше мечот, уште во првиот дел направи предност од 11 разлика и до крајот на мечот рутински ја одржуваше за на крајот да се радува на значајната победа.
Карпош Соколи се надеваше дека на домашен терен ќе успее да победи и да дојде до финале, но се што направија е да внесат малку неизвесност во последниот период кога дојдоа на само -1. Сепак немаа сили и за комплетен пресврт.
Најпрецизен во победничкиот состав беше Александар Костоски со 20 поени, а имаше и 7 асистенции. Кај Соколи Шепа постигна 17.
Куманово се избори за реприза од минатата сезона кога исто така против МЗТ Скопје играше во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


