Ивано Балиќ е еден од најдобрите ракометари на сите времиња, а против Барселона, хрватскиот ветеран покажа дека знае извонредно и да брани. Атлетико Мадрид беше во напад, со играч повеќе, бидејќи голманот Омбрадос излезе, а со маркер во игра влезе Балиќ. Барселона ја освои топката, гостинските играчи упатија удар кон празниот гол на Атлетико, но Балиќ со пожртвувана и прекрасна интервенција не дозволи топката да влезе во голот.
Со Балиќ како голман и со нашиот Кире Лазаров како прв стрелец со 6 гола, во Мадрид падна и големата Барса. Атлетико победи со 25-20 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите и со одлична предност ќе патува на реваншот во Барселона, за една седмица.
ivano balic saves by MrBlackHoleMoon
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


