Научници го лоцирале центарот во мозокот кој поттикнува насилно однесување со предумисла.
За време на истражувањата кои се вршеле над глувци научниците всадиле електроди во мозоците на мажјаците на кои им е дадена можност да ги напаѓаат послабите.
Два глуви се ставени во иста комора, но биле одвоени со преграда која имала две мали дупки низ кои силните глувци би можеле да ги намирисаат противниците. Научниците ги тргале препреките или пак ги оставале на место, така што глувците научиле која дупка им овозможува напад на послабиот глушец. Откако завршил процесот на учење, некои глувци покажале јасно преферирање на „борбени дупки“, а други не, што на научниците им овозможило да идентификуваат кои глувци природно се мотивирани за борба, а кои не. Кога ги набљудувале агресивните глувци откриле дека активноста во мозочната регија на вентромедијалниот хипоталамус се зголемува кога решавале која дупка да ја изберат.
Поради тоа научниците сметаат дека токму таа регија на мозокот може да има клучна улога во мотивација за непровоцирана агесија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.