Шпанскиот тренер Рафа Бенитез потпиша договор на три години со англискиот прволигаш Њукасл, а приоритет во новиот клуб ќе му биде да обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Њукасл е третиот англиски клуб кој Рафа Бенитез ќе го води во кариерата.
Раководството на клубот од „Сент Џејмс Парк“ денес го отпушти Стив Мекларен поради лошите резултати, а тимот му го довери на шпанскиот стручњак кој зад себе има премиерлигашко искуство со Ливерпул и Челси.
Бенитез сезоната ја почна во Реал Мадрид, но не ги исполни очекувањата на челниците на „кралскиот клуб“.
За разлика од Реал Мадрид каде приоритетите беа трофеи, во Њукасл ќе има задача да го зачува тимот во врната англиска фудбалска лига.
Њукасл моментално се наоѓа во зоната на испаѓање, а Бенитез своето деби ќе го има против лидерот Лестер во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.