| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул и во повторениот меч се мачеше со Плумит, но сепак мина во следната рунда (видео)

liverpul

Во повторенирот натпревар од 3. коло на ФА Купот помеѓу Плимут и Ливерпул по 0-0 на „Енфилд Роуд“, избраниците на Клоп славеа победа од 0-1 и се пласираа во следната рунда, каде за противник ќе го имаат тимот на Волфс.

Клоп и на денешниот натпревар се одлучи да настапи со комбиниран тим, но и тој беше доволен за победа и пласман во следната рунда. Голот на одлука беше постигнат уште во раната фаза на мечот, откако погоди Лукас Леива во 18. минута по асистенцијата на Кутињо. Во самиот финиш „црвените“ преку Ориги имаа шанса за потврда на победата, но Белгиецот, во 87. минута не реализира удар од белата точка.

Во останатите два синоќешни дуели пласман во следната рунда обезбедија и фудбалерите на Њукасл Јунајтед на Рафаел Бенитез по победата против Бирминген со 3-1 и Саутемптон, кој со голот на Лонг во 92. минута го совлада Норвич со минимални 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top