Со четири часа задоцнување почнал концертот на Мадона во Мелбурн. Поп-дивата се појавила на сцената во кловновска облека и пијана. Публиката, која со часови ја чекала на дождот, остана незадоволна од концертот и од Мадона, која и на сцената продолжила да порачува коктели.
Пред само една недела на концертот во Оукланд, пејачката плачеше на сцената по својот син Роко, кому му ја посвети „La vie en rose“.
A video posted by Adem Ali-jandro (@ademwithane) on
На почетокот на овој месец судот денес одлука дека старателството на нејзиниот 15-годишен син Роко до летото, кога се очекува конечната одлука, да му го додели на татко му во Лондон.
Мадона (57) и нејзиниот поранешен сопруг, британскиот режисер Гај Ричи, веќе три месеци водат битка околу старателството.
Роко реши да остане во Лондон со својот татко и со неговата сопруга, манекенката Жаки Ајнсли, откако се оглушил на повикот на својата мајка со неа да ги прослави божикните празници во Њујорк.
Тој се пожалил дека веќе не може да ја издржи дисциплината што му ја наметнува Мадона, која е позната по својата строгост, а морал цело време да ја следи на нејзината турнеја бидејќи е малолетен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.