| четврток, 6 декември 2018 |

Денис Родман: Мојот најдобар скок е од Мадона на Кармен Електра

Поранешната НБА ѕвезда, Денис Родман, се најде во центарот на вниманието откако се вклучи во емисија на британска телевизија каде во свој стил одговори на прашање на новинарот со кои ги шокира сите. На почетокот кошаркарот објасни што е тоа „скок во кошарката”.

Sвездата на екипата фрла топка кај кошот, јас скокам и ја преземам, па повторно ја предавам на истата ѕвезда, сликовито опиша Родман, кој беше веднаш запрашан кој му е најомилен скок во кариерата.

463847-mojot-najdobar-skok-e-od-madona-na-karmen-elektra

Тоа дефинитивно е скокот од Мадона на Кармен Електра. Тој ми е омилен скок, се пошегува Родман.

Денис потоа го опиша моментот кога го „прекршил пе*исот”, што ги остави присутните без зборови.

Бевме на некакво крстарење, цел ден пиев и се забавував. Сонцето премногу ме загреа, но тоа не ми претставуваше проблем да продолжам со моето пиење и играење, а до крајот на вечерта се направив „ѓубре” пијан. Потоа имав сексуален однос со девојка во една од кабините, лежевме на голем кревет и прилично уживавме. Во еден момент, за време на сексот, таа одлучи да оди на другиот крај на кабината, се залета и скокна врз мене. Имаше крв на сите страни, а таа испаничи и почна да вика „Леле, го убив, мртов е”. Само ја погледнав и и реков „Не, душо, само ми го скрши пенисот”, откри контроверзниот кошаркар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top