Годинашното доделување на награди за жена на годината во музичката индустрија ја обележи Мадона (58). Имено, пејачката раскажала потресна приказна од почетокот на кариерата, односно за своето доаѓање во Њујорк.
– Кога пристагнав во Њујорк бев тинејџерка. Беше страшно, во тие први години ми се закануваа со пиштол, ме силуваа на покривот на зградата додека ми држеа нож на вратот. Имав толку грабежи во својот стан така што едноставно престанав да заклучувам – рекла Мадона.
Мадона истакнала дека во тој период ѝ било премногу тешко. Останала без пријателите кои умреле од сида, дрога и куршуми. Кога станалаа славна злобните луѓе ја нарекувале к***a и Сотона. Мадона, сепак, продолжила со кариерата и покрај сексистичките напади на кои била изложена.
– Нè учат дека мораме да бидеме убави, слатки и секси, но не премногу паметни или сексуално либерални. И секако, жените не би смееле да стареат. Тоа е грев, ќе ве критизираат вас и вашите песни нема да ги пуштаат на радио – рекла Мадона која публиката ја наградила со голем аплауз.
Мадона добила поддршка и од Леди Гага, која неодамна изјави дека била силувана, па поради тоа страда од посттрауматски синдром ПТСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.