| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона сака да посвои две деца од Малави

Американската поп-ѕвезда Мадона поднесе барање во Малави за посвојување на уште две деца, соопшти портпаролот на судот.

– Судот разгледува дали Мадона може да ги посвои тие две деца – изјави тој.

Мадона лично го поднела барањето за посвојување во главниот град на Малави.

Пејачката во 2008 година во таа земја посвои едно момче, а подоцна и неговата родена сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top