| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров незадржлив, Атлетико ја победи Барселона со 25-20

Кирил Лазаров беше незадржлив и со 6 гола е креатор на блескавата победа на Атлетико Мадрид против Барселона со 25-20. Со 6 гола македонскиот репрезентативец го предводеше домаќинот до уверлива победа, иако не го дочека крајот поради повреда на бутниот мускул. Тој излезе од игра на 7 минути до крај, а не се знае дали повредата е сериозна. Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите е во Барселона за една недела. Атлетико има извонредни 5 гола позитива, а уште една голема предност е што прими мал број на голови.

Лазаров беше најефикасен во редовите на Атлетико Мадрид, и заедно со одличниот голман Ибанез Омбрадос и со шпанскиот репрезентативец Канејас (6гола), беа најзаслужни за големиот триумф.

Кај Барселона, Рутенка постигна ист број погодоци како и нашиот Лазаров. Утре се играат преостанатите први натпревари од четвртфиналната рунда, а за нас најинтересен секако е дуелот меѓу Металург и Кјелце, од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Кил ќе му биде домаќин на Веспрем од 17,15 часот, а час и половина подоцна, се игра германското дерби меѓу Фленсбург и Хамбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top