| четврток, 6 декември 2018 |

Срамен пораз во Словенија, ракометарките загубија со 18 гола разлика

makedonija rakomet

Женската ракометна репрезентација денеска ги продолжи натпреварите во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2016 година.
Во меч против домаќинот Словенија, во Марибор избраничките на селектрот Симе Симовски претрпе убедлив пораз од 35-17.
Иако важеше за аутсајдер во овој натпревар репрезентативките на Македонија не покажаа жар и борбеност во играта против објективно третата репрезентацијата по квалитет во нашата група во која се уште и Црна Гора и Хрватска.
Домаќинот Словенија уште од првата минута на натпреварот заигра цврста и агресивна одбрана со што не им возможи на нашите ракометарки да се надеваат на поволен резултат од првиот натпревар во овој двомеч.

Словенија доминираше, поведувајќи дури и со 18-4, пред во самиот финиш домаќинките малку да ја намалат агресивноста во одбраната, овозможувајќи им на нашите ракометарки со четири гола во низа да заминат на одмор со 18-8.

Само за момент предноста на домашниот состав беше спуштена под десет гола (20-11), за Словенките повторно да влезат во ритам, па по бројните промашени шутеви и грешки на македонските ракометарки, Словенија поведе и со 29-13. Керамичиева за момент ја прекина серијата на противникот, двајцата селектори во завршницата им дадоа шанса на по неколку резервни ракометарки, но и при таква поставеност на составите на теренот Словенија доминираше, зголемувајќи ја предноста се до конечните 35-17.

Македонија во следното коло, веќе в сабота, ќе ја пречека селекцијата на Словенија, во обид избраничките на селекторот Симовски да го поправат очајниот впечаток што го ставија денеска во Марибор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top