Евер Банега и дефинитивно во следната сезона ќе го носи дресот на Интер откако веќе потпишал преддоговор со италијанскиот прволигаш. Договорот на Аргентинецот со Севилја истекува на крајот од сезонава, заинтересирани за неговите услуги беа бројни клубови ширум Европа, но Банега на крајот сепак се решил за преселба во Милано, потпишувајќи преддоговор за тригодишна соработка со „нероаѕурите“.
Раководството на Интер планира мал ремонт во средниот ред, па „нероаѕурите“ по продажбата на Брозовиќ, за кого очекуваат да добијат 20 милиони евра, ќе добијат адекватна замена за чија отштета нема да биде платено ништо.
Овој 27-годишен фудбалер сигурно ќе биде освежување за средниот ред на Интер, чиј газда е незадоволен од резултатите во последните месеци, па најави и уште неколку нови засилувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.