Судскиот процес за настаните од кумановско Диво Насеље продолжи и денеска со сослушување на нови сведоци.
Во судницата за првпат присуствуваа и роднини на загинатите полицајци, односно нивните сопруги кои само кратко зборуваа и се изјаснија дека се приклучуваат кон кривичното гонење и штетите ќе ги бараат во други кривични постапки.
На рочиштето сведочеа и неколкумина жители на кумановско Диво Насеље, кои раскажаа што се случувало во населбата на критичните денови 9 и 10 мај минатата година.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Судењето продолжува на 22 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.