| четврток, 6 декември 2018 |

Добар ден Ѓоковиќ-Сандра Мељниченко прва сосетка на Ноле

стан

Поранешната членка на групата „Моделс“ Сандра Мељниченко и нејзиниот сопруг Андреј, на една година изнајмиле стан покрај најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена. Станот се наоѓа во најскапата зграда во срцето на Монако, во Авенијата на принцезата Грејс.

Во тој луксузен комплекс невозможно е да се купи стан, а месечната кирија изнесува околу 50.000 евра

-Сандра и Андреј често престојуваат во Монако. Тие и по неколку месеци годишно поминуваат во кнежевството, посебно кога се одржуваат тениски турнири или трки на Формула 1, кои не ги пропуштаат. Неодамна решија да изнајмат апартман во една од најскапите згради и тоа на една година – вели извор близок на семејството Мељниченко.
Нивниот луксузен апартман има прекрасен поглед на Медитеранот, пет спални соби, дечја соба, кујна, купатило, трпезарија и голема дневна.

Андреј и Сандра веќе го прославиле вселување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top