| четврток, 6 декември 2018 |

Балетската претстава „Дамата со камелии“ утре на сцената на МОБ

Во петок, 11 март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година.

Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Диригент е Иван Еминовиќ.

Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top