| четврток, 6 декември 2018 |

Со промоција на најновото дело се одбележуваат на 60 години од раѓањето на Стефан Влахов Мицов

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Паркот на книгите, на 10 март (четврток) во 19 часот ќе се одржи свеченост  по повод 60-годишнината од раѓањето на проф. д-р Стефан Влахов-Мицов. Во оваа пригода ќе биде промовирано неговото најново дело „Творечки дострели во македонски дух“, објавено во рамките на јубилејната програма на „Матица македонска“ од Скопје по повод 25-годишнината од основањето на оваа издавачка куќа. За делото на познатиот научник, книжевник и публицист, беседа ќе одржи проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, историјата, книжевната критика и есеистика. На македонски јазик ги објавил книгите: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Вируси за поматени мозоци“, „Хероите и потомците“, „Македонската еманципација на Балканот“, „Држава како се гради и брани“, „Филозофија на балканскиот пекол“ и „Балканска психологија-државници и марионети“.

Во 2006 година беше добитник на почесното Рациново признание,а во 2011 година ја доби меѓународната награда „Духовен воин“ на Македонските духовни конаци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top