На 10 март 2016 година, четврток, со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица, здружението „Евро – визија“ ќе ја отвори осмата по ред групна изложба на фотографии, која официјално се случува секоја година за време на карневалските денови во Струмица.
По претходно објавен конкурс на кој се пријавија 30тина фотографи, со повеќе од 200 фотографии – дел од истите ќе бидат застапени со нивните фотографии направени за време на минатогодишното издание на Струмичкиот карневал. Најуспешните ќе бидат наградени.
Отворена покана до сите љубители на убавата, егзотична, еуфорична фотографија да ја проследат осмата по ред изложба на фотографии и со тоа да се започне прославата и да се даде позитивна енергија на познатите Струмичките карневалски денови!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.