| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн гази бесмилосно и Хановер мина со пола дузина голови

Баерн Минхен гази безмилосно во Бундеслигата, а нова жртва попладнево им беше Хановер, кој прими половина дузина голови и тоа на домашен терен. Новиот германски шампион победи со 6-1, со два гола на Гомез, два на Пизаро и еден на Рибери. Домаќините си постигнаа и автогол, дело на Штиндл, а и почесен погодок што го даде Хофман.

Голеада имаше и во Леверкузен, а таму Баер му ја наполни мрежата на Хофенхајм. Фармацевтите победија со 5-0. Кислинг и Ширле со по два гола ја креираа победата на тимот од Леверкузен, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд дојде до триумф против Мајнц од 2-0, благодарение на головите на Марко Роjс уште од 1. минута како и на Левандовски во 87. минута кој само ја запечати победата. Македонскиот репрезентативце Николче Новески ја одигра целата средба во одбраната на гостите.

Резулати: Борусија – Мајнц 1-0, Франкфурт – Шалке 1-0, Хамбургер – Фортуна Д. 2-1, Хановер – Баерн 1-6, Баер Леверкузен – Хофенхајм 5-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top