Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини беше совладан за само 52 минути од страна на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој со во два експресни гема и резултат од 6:2 и 6:1 се пласира во финалето на Мастерсот во Монте Карло каде за противник го има Рафаел Надал.
Ова е трет пат тие да се сретнат во завршетокот на турнирот во Монте Карло, а финалето кое ќе се одигра в недела ќе биде реприза на минатата година, кога шпанецот го победи Ѓоковиќ со 6:3, 6:1. Инаку ова ќе биде нивни 34-ти меѓусебни дуел, во кој Надал води со 19-14.
Ноле никогаш нема победено на овој турнир, а од останатите турнири од Мастерс серијата тој нема успеано да победи уште само во Синсинати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


