Кога ќе се спомене британското кралско семејство, на голем број луѓе прво на памет ќе им паднат разни протоколи, големи забави и компликувани фустани.
Но, принцезата Амелија Виндзор, како што објавија британските таблоти, отскокнува од овој стереотип за кралското семејство.
Имено, Амелија, која списанието „Татлер“ ја прогласи за „најубава членка на кралското семејство“, со нејзиното однесување повеќе наликува на типична млада девојка, отколку на принцеза.
Таа на нејзиниот Инстаграм објавува фотографии од забави по клубови и луд ноќен живот.
Ова, сепак, не е ново за британското кралско семејството. Тетката на Амелија, Хелен Тејлор, беше позната по лудите забави и призна дека во младоста имала голем број љубовни авантури.
Исто така, и нејизната прабаба Марина Кент беше многу позната и надвор од кралските кругови, па дури и славните Кинкси ја напишаа песната „She’s Bought a Hat Like Princess Marina“ токму за неа.
Но, Амелија ја негува и својата академска страна. Таа студира француски и италијански јазик во Единбург, а учи и латински. Наводно таа е вистинска бубалица, а нејзините пријатели тврдат дека е многу мирна и тивка. Се чини дека го има најдено вистинскиот начин како да ја смири својата мирна и дива страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.