| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа проблемите во рајот: Мали Кеба без мерка ги троши парите на Северина

Проблемите во рајот на брачната двојка Северина и Игор Којиќ почнаа, иако се тие само пет месеци во брак, а причината е тоа што мали Кеба сака да ги замеша прстите во менаџерскиот дел на кариерата на пејачката.

66c6d7ef61a3b99cd513c8e96c51f924

Иако Северина со години покрај себе има човек од доверба, пријател и менаџер Томислав Петровиќ, нејзиниот сопруг на сите начини се обидува да ја презема таа позиција, што пак ја разгневило госпоѓата Којиќ.

seve-i-igor

-Се започна со расправијата околу кредитната картичка на Северина која двајцата ја користат. Инцидентот се случил во Хрватска кога пејачката сакала да купи вреден подарок за пријателка и сфатила дека на картичката нема толку пари колку што треба да има. Северина вербално го нападнала Игор поради тоа што сака да се меша во нејзината кариера. Врескаше дека луѓето од бендот и кажале дека тој сака да се меша во менаџерската работа и да го заземе местото на нејзиниот долгогодишен соработник Томица. Му порача дека малку повеќе се знаел во својата намера и дека таа тоа нема ни по која цена да го дозволи тоа – раскажал извор  кој се нашол на лице место.

severina03_RAS_foto Mitar Mitrovic_1000x0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top