| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар извади нерешено со лидерот Веспрем

Нашиот ракометен шампион Вардар на домашен терен одигра нерешено против лидерот Веспрем во регионалната СЕХА лига, со резултат 30-30.

„Црвено-црните“ подобро го отворија мечот во СРЦ „Јане Сандански“, имаа водство од 8-5, но унгарскиот шампион успеа да фати ритам во натпреварот и пред крајот на првото полувреме дури и имаа водство од еден гол разлика. Сепак, на полувреме Вардар замина со минимална предност, резултатот беше 13-12.

Во текот на вториот дел, пак, Веспрем во еден период имаа три гола предност, па Вардар беа во ситуација да ја бркаат резултатската негатива и повторно да го доведат натпреварот во неизвесност. Во завршните 30 секунди Веспрем со голот на Илиќ дојде до гол предност. Но, сепак Матијаж Брумен имаше мирна рака во последниот напад на домаќинот и со својот единствен гол на мечот го израми резултатот и ги постави конечните 30-30.

Најефикасни кај „црвено-црните“ беа Циндриќ и Дибиров со по 6 постигнати голови, додека кај гостите најефикасен беше Момир Илиќ со 10 гола.

Со по еден освоен бод, нема промени на табелата. Веспрем останува лидер со 44, а Вардар второпласиран со 41 бод.

Табела: Веспрем 44 (16 одиграни натпревари), Вардар 41 бодови (17), ППД Загреб 36 (16), Мешков Брест 36 (16), Татран Прешов 28 (17), Нексе 22 (17), Војводина 25 (17), Борац 11 (18), Спартак 10 (18), Макс Струмица 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top